„Кралевите“ тешко ќе дојдат до посакуваното засилување…
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во последните денови изгледаше дека трансферот на Гуедеш во Валенсија е прашање на време, но според последните информации тој е далеку од реализација, а тоа предизвика и посебно внимание кај Реал Мадрид.
Откако се пишуваше дека Реал Мадрид како одговор на Барселоа се подготува да го доведе Мохамед Салах од Ливерпул, „АС“ тврди дека Реал јасно покажал интерес за Гуедеш.
Наводно во ПСЖ знаат за интересот на Реал, па за „кралевите“ спремиле посебни услови. За Валенсија условите беа откуп помеѓу 30 и 35 милиони евра, но за Реал кој им е конкурент во Лигата на шампионите условите ќе бидат многу поразлични.
Имено, „Светците“ од Реал за услугите на Гуедеш ќе бараат сума од 50 милиони евра.