Дома Фудбал „АС“ информира: Следува жестока санкција за Марсело

„АС“ информира: Следува жестока санкција за Марсело

Бразилскиот лев бек, Марсело, заработи директен црвен картон во дуелот помеѓу Реал Мадрид и Леванте.

Реал одигра 1:1 против аутсајдерот Леванте,а Марсело во финишот на средбата во рамки на третото коло од Ла Лига, удри по грб еден од противничките играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Противникот го задржуваше времето, на Марсело тоа не му се допадна, па постапи онака како многу пати досега, по што заработи директен црвен картон и му претстои жестока санкција од шпанскиот фудбалски сојуз.

„АС“ пишува дека за ваквите стартови се казнува два натпревари неиграње, но дека во случајот на Марсело е потешко, бидејќи Бразилецот покажал одлична намера да го удри противникот со висок степен на агресија.

Тоа значи дека Марсело би можел да биде санкциониран и со 4 натпревари неиграње, а слична суспензија неодамна заработи и Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …