Пред Манчестер Јунајтед како што изгледа е една лоша сезона во која навивачите ќе немаат многу причини за радост.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Славниот клуб предводен од Оле Гунар Солскјер на клупата го има најлошиот старт во последните 30 години и многумина ќе кажат дека овие играчи кои ги има Јунајтед се најслабите кои некогаш играле во црвениот дрес.
Кога ќе погледнеме колку овие играчи заработуваат работата треба да е целосно спротивна. Имено, Манчестер Јунајтед на плати во една сезона троши 332 милиони фунти и тоа е најголемата сума во историјата Премиер лигата.
Во Јунајтед платите се високи па и покрај слабите игри фудбалерите заработуваат цело богатство. Давид Де Геа неодамна потпиша договор со плата од 375.000 фунти неделно, додека Погба добива 290.000 неделно.