Дома Топ вести Астрономска понуда: Меси во Сити ќе заработи 500 милиони за 5 години

Астрономска понуда: Меси во Сити ќе заработи 500 милиони за 5 години

Лионел Меси може да пристигне во Манчестер Сити како слободен агент, но тоа не значи дека „граѓаните“ нема да потрошат голема сума за неговиот потпис.

Веќе се појавија детали од понудата на Сити кој на Меси му нуди 5-годишен договор од кои три да ги помине на „Етихад“, а останатите две во Њујорк Сити, клуб кој ги има истите сопственици.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ откри каква сума ќе добие Меси за тие пет години. Станува збор за неверојатни 500 милиони евра. Аргентинецот ќе зема плата од 100 милиони евра бруто по сезона.

Доколку пристигне во Манчестер Сити како слободен агент Аргентинецот ќе добие и додатни 250 милиони евра во форма на бонуси.

 Бидејќи финансискиот фер-плеј нема да дозволи таа сума да му биде дадена веднаш, Меси ќе ги добие тие пари кога ќе се пресели во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…