Шпанскиот репрезентативец Иаго Аспас во изјава за тамошните медиуми зборуваше за својата иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот играч на Селта Виго призна дека најверојатно ќе ја заврши кариерата во овој клуб, и дека за него е веќе доцна да прави некои големи трансфери.
„Моменталната ситуација апсолутно ми одговара и среќен сум. Овде сум со своето семејство, навистина ми е убаво и не размислувам за заминување. Би сакал и овде да ја завршам кариерата.“ – изјави Аспас и прокоментира за поврзаноста со трансфер во Реал:
„Мислам дека мојот воз помина. Но, ако Реал е заинтересиран за мене, мора прво да разговара со мојот клуб, а потоа и со мене.“