Дома Останати АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

АСОМ со донација за семејствата на настраданите лица во пожарот во Тетово

Со сочувство и поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, Асоцијацијата на Спортски Обложувалници на Македонија (АСОМ) ќе додели еднократна финансиска помош во висина од по 60.000 денари по семејство.

“Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош. Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово”. – истакнуваат од АСОМ.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот Крст на РСМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Еден од најдобрите кошаркари на Реал се сели во Барселона

Еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид, Марио Хезоња се очекува да направи трансфер в…