Марко Асенсио се предомислил во последните недели и сега е отворен кон идејата да потпише нов договор со Реал Мадрид, пренесува „Марка“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Асенсио истекува на крајот на сезоната, па иако се очекуваше дека сигурно ќе ја промени средината, сепак дојде до пресврт.




Асенсио не е задоволен од лимитираната минутажа која ја добива кај Анчелоти и оваа сезона има само 246 минути на кои постигна 2 гола и 2 асистенции.




Меѓутоа, Реал му понуди нов договор и сака да го задржи, а Асенсио сега сериозно размислува да ја прифати понудата и да остане на „Сантиаго Бернабеу“.