Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио изјави дека неговата цел е што е можно подолго да остане во „кралскиот“ клуб и го прокоментира новиот тренер Хулен Лопетеги.
„Мојата прва опција отсекогаш била да победувам со Реал Мадрид. Никогаш не се знае што може да се случи. Реал Мадрид е најпосакуваниот клуб во светот. Од самиот почеток разбираш дека треба да си подготвен на сто проценти и секогаш да даваш се од себе“, изјави Асенсио во ексклузивно интервју за „GQ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Веќе сум имал можност да бидам стартер во важни натпревари како во Мадрид, така и во националниот дрес. Очекувам со секој пат да станувам подобар“, додаде Шпанецот, а потоа се осврна на новиот тренер.
„Лопетеги е тренер со идеја за фудбалот. Лично мене ми се допаѓа. Внесе многу интензитет на тренинзите и доста бара од нас“, заклучи Асенсио.