Дома Топ вести Асенсио е примарна трансфер цел на Милан

Асенсио е примарна трансфер цел на Милан

„Газета дело Спорт“ пренесува дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е примарна трансфер цел на Милан.

„Росонерите“ сакаат да ја засилат десната крилна позиција и Малдини во Шпанецот гледа идеално засилување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, а Милан стапил во контакт со „кралевите“.

„Росонерите“ веќе подолго време преговараат со неговиот агент и последните информации говорат дека Асенсио дал зелено светло за трансфер на „Сан Сиро“.

Реал за слободата на Шпанецот бара 30 милиони евра, а Милан е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата на клубовите од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…