Во текот на вчерашниот ден екипата на Шкендија потврди дека нов в.д тренер на клубот од Тетово е Артим Шаќири.
Шаќири во Шкендија доаѓа на местото на Бруно Акраповиќ кој доби отказ после лошите резултати. Потврдено е и дека помошник на Шаќири ќе биде Бурхан Емурлаи. Македонската фудбалска легенда ќе ја води Шкендија до крајот на сезоната, а после би требало да ја има улогата на спортски директор во клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во својата богата кариера Артим Шаќири беше дел од Шкендија и како играч во сезоната 2007/2008.