Meнаџерот на Арсенал, Микел Артета пред натпреварот во Премиер лигата против Челзи најави дека неделата која следи е клучна за неговиот тим.
Артета порача дека не сака да бара изговори, но додаде дека неделата која следи за Арсенал е многу важна за да избегне борба за опстанок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Наредните седум до осум дена ќе бидат клучни за да видиме во која насока ќе одиме во Премиер лигата. Губењето натпревар е моја одговорност и што и да се случува на нас е да ја промениме ситуацијата“, изјави Артета.
Денес Арсенал го чека дуел со Челзи кој е во далеку подобра форма од „топџиите“.
„Кога се зборува за Челзи се зборува за најсилниот состав во Премиер лигата и тоа е тим кој ќе се бори за врвот сигурно. Тоа што го прават добро функционира, кај нас тоа не е случај“, порача Артета.
Арсенал денес од 18:30 часот ќе го пречека Челзи – нашата анализа за овој меч прочитајте тука.