Тренерот на Арсенал, Микел Артета проговори иднината на напаѓачот Александaр Лаказет.
Договорот на Лаказет истекува во 2022 година, а Артета изјави дека неговата иднина ќе биде решена на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека нема најави за продолжување на соработката, најверојатно Французинот ќе биде продаден.
„Се уште не разговаравме за ништо во врска со продолжување на неговиот договор или трансфер. Среќен сум со начинот на кој игра и постигнува погодоци. Лаказет е во одлична форма. На лето ќе разговараме и ќе донесеме одлука за тоа“, изјави Артета.
Сезонава Лаказет запиша 19 настапи за Арсенал, постигнувајќи 9 гола.