Арсенал и официјално за нов менаџер го назначи Микел Артета, кој на претставувањето истакна дека „топџиите“ мораат да се борат за трофеи.
Артета на клупата на Арсенал ќе дебитира во четврток на гостувањето кај Борнмут. Тој натпревар ќе биде исклучително тежок за Шпанецот со оглед дека за овој натпревар нема да може да смета на скоро половина тим, што поради повреди, но и поради картони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на слабите резултати во есенскиот дел од сезоната, јасно е дека Артета ќе сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а „Скај Спорт“ ја откри и првата трансфер мета.
Станува збор за 27-годишниот германски фудбалер од редовите на Баер Леверкузен, Кевин Фоланд.
Фоланд игра како десно крило и централен напаѓач, па би требало да биде замена за Лаказет, кој е на излезна врата од тимот.
Артета сака да ги засили крилните позиции, па на лето прва желба ќе му биде неговиот сонародник, Микел Ојарзабал.