Тренерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше одлуката за изоставање на Месут Озил од составот за Премиер лигата за оваа сезона.
„Одлуката за повлекување на Озил од апликацијата е донесена исклучиво од фудбалски причини. Совеста ми е чиста, затоа што бев искрен со Месут. Имам многу високо ниво на комуникација со него, знаеме што да очекуваме едни од други. Тој имаше шанси како и сите други“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жал ми е што морав да повлечам тројца играчи од составот, но притоа се обидов да ги погледнам во очи. Мојата работа е да ги натерам играчите да ги покажат своите најдобри квалитети. Сега чувствувам дека не успеав во овој поглед, бидејќи сакам Месут да игра во неговата најдобра форма во тимот“, изјави Артета.
Претходно, 32-годишниот Германец објави писмо во кое упати обвинувања кон клубот и изрази разочараност што е избришан од тимот.