Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше бесен на судиите после ремито со Брентфорд на „Емирати“ (1:1).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голот за израмнување кој го постигна Брентфорд од контроверзна ситуација го изнервира Артета, кој смета дека судиите требало да покажат офсајд.
„Ова беше тежок натпревар за нас. Честитки до Брентфорд за борбата и храброста, но мислам дека ние доминиравме во одредени моемнти. Мило ми е што Тросар постигна гол и допринесе за екипата“.
„Ги гледав снимките од голот на Брентфорд и сметам дека тоа беше офсајд. Ако ги следиме правилата кои судиите ги објаснуваат, тогаш голот требаше да биде поништен. Ако одеднаш ги смениш правилата, тогаш се менува и принципот. Нека ни го кажат тоа“, вели Артета.