Дома Фудбал Англија Артета: Ние сме Арсенал, не треба да молиме никого!

Артета: Ние сме Арсенал, не треба да молиме никого!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за плановите на тимот на трансфер пазарот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Артета потенцираше дека ја знае големината на Арсенал и дека нема потреба да убедува никого бидејќи многу фудбалери сакаат да дојдат на „Емирати“.

„Знаете што значи Арсенал за целиот свет. Секој сака да дојде овде, и многу јасно знаемее кои сме. Не треба да ги убедувам играчите да играат за Арсенал. Ако тоа е потребно, тогаш за мене ова не е добар почеток. Играчите треба да сакаат да играат за овој клуб и тоа да го прават со емоција“, истакна Артета.

Арсенал во последните години не покажува добри резултати, па се шпекулира дека ѕвездите сакаат да го напуштат клубот.

„Истото важи и за играчите кои се веќе во клубот. Треба да имаат емоции додека го носат овој дрес. Ние сигурно нема да молиме никого“, заклучи шпанскиот менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Правилата се јасни: Еве зошто Баерн вчера не доби пенал

По натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и Пари Сен Жермен, полем…