Mикел Артета неодамна седна на клупата на Арсенал и пред него сигурно е тешка работа.
На Арсенал не му оди баш најдобро оваа сезона, а откако Унаи Емери, привремено го менуваше Фреди Љунберг за по неколку натпревар Артета да биде доведен со надеж дека ќе биде долгогодишно решение.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од самото доаѓање на клупата на Артета медиумите започнаа да пишуваат кои играчи би можел да ги доведе Шпанецот во зимскиот преоден рок.
Јасно е дека на Арсенал ќе му бидат потребни неколку засилувања бидејќи екипата во овој момент не пружа најдобри резултати. Фокусот ќе биде ставен на одбраната, но и средниот ред.
Англиските медиуми денес објавија Арсенал веќе го контактирал Јувентус бидејќи се интересирал за играчот за врска на овој тим Адриен Рабио. Французинот во Јувентус пристигна во текот на летото како слободен играч, но не се наметна кај Маурицио Сари и поголемиот број натпревари ги следеше од клупата за резерви.
Рабио медиумите го поврзуваа и со француски Лион.