Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да го продаде Хектор Белерин на крајот на сезоната и веќе ја одредиле целата за шпанскиот бек.
Белерин оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво, а во последно време не игра поради лесна повреда, што не се одрази на играта на Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Англиските медиуми денес пласираа информација дека Арсенал ја одредил цената и дека е спремен да го продаде десниот бек за 50 милиони фунти.
Белерин веќе подолго време се поврзува со враќање во Барселона, но за него силен интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Јувентус.
Планот на Арсенал е да заработи на неговата продажба за да донесе стопер од светска класа, а споменатите клубови веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
Arsenal are ready to sell Héctor Bellerín for £50m in the summer to help fund their squad rebuild. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/MFX6Z2nIOu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 13, 2018