Дома Трансфер зона Арсенал спреми 50 милиони за ѕвездата на Рома

Арсенал спреми 50 милиони за ѕвездата на Рома

Турскиот репрезентативец Ченгиз Ундер игра фантастично во дресот на Рома и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ундер има 21 година и договор со Рома до 2022 година, па заинтересираните клубови сигурно ќе мора сериозно да го одврзат кесето за неговиот потпис.

За Ундер се заинтересирани неколку европски гиганти, но најсилен интерес во моментов покажува Арсенал кој сака да го донесе фудбалерот уште во јануари.

Емери смета дека турскиот репрезентативец би бил идеално засилување за неговиот тим, а „топџиите“ спремиле понуда од 50 милиони евра.

Останува да видиме дали оваа сума ќе ги задоволи апетитите на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…