Дома Фудбал Англија Арсенал спреми богат договор, Обамејанг останува на „Емирати“

Арсенал спреми богат договор, Обамејанг останува на „Емирати“

Договорот на Обамејанг со Арсенал истекува за една година, па „топџиите“ прават се за да го убедат да остане на „Емирати“.

Обамејанг во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, но „топџиите“ не се откажуваат од намерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 250.000 фунти неделно, објавија англиските медиуми.

Со оглед на новонастанатата финансиска ситуација тешко дека некој друг клуб ќе може да му понуди ваков договор на напаѓачот, па поради тоа Арсенал се надева дека ќе ја прифати понудата.

Интерес за Обамејанг покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ и Интер, но ниту еден од споменатите клубови не е спремен да му понуди толкава плата.

Обамејанг во моментов заработува 180.000 фунти неделно, па ќе добие значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…