Дома Топ вести Арсенал сака да го „украде“ Јовиќ пред носот на Милан

Арсенал сака да го „украде“ Јовиќ пред носот на Милан

Примарна цел на Арсенал ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач со оглед на фактот дека Обамејанг најверојатно ќе го напушти „Емирати“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на тренерот Артета е напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Веќе подолго време како фаворит за неговиот потпис се споменува Милан, но сега и Арсенал влезе во трката за неговиот потпис.

„Топџиите“ се спремни да му понудат повисока плата од „росонерите“ и со тоа да ја добијат битката за неговиот потпис.

Реал Мадрид е спремен да го пушти српскиот напаѓач за 40 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…