Дома Фудбал Англија Арсенал полош од оваа сезона бил само кога испаднал од лигата

Арсенал полош од оваа сезона бил само кога испаднал од лигата

Aрсенал никако не успева да излезе од кризата. Последниот разочарувачки резултат за „топџиите“ беше ремито без голвои против Барнли.

После тоа реми екипата на Микел Артета падна на 10. позиција во Премиер лигата со 31 освоен бод, седум повеќе од зоната на испаѓање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот клуб после 25 кола има само шест победи, што најмалку во последните 107 години. Последен пат помалку од шест победи после 25 кола Арсенал имаше во сезоната 1912/1913 кога испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Тогаш после 25 кола Арсенал имаше само една победа, до крајот на сезоната стигнаа до три и заврши на последното место на табелата. Арсенал сезонава победи против: Њукасл, Барнли, Астон Вила, Бурнемоут, Вест Хем и Манчестер Јунајтед. Само Вотфорд и Норвич имаат помалку победи од лондонскиот клуб, Вотфорд пет, Норвчич четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…