Aрсенал вечерва на гостински терен го совлада Спортинг Лисабон во натпревар од третото коло во Лигата на Европа и така уште еднаш ги израдува своите навивачи кои оваа сезона конечно имаа причина за задоволство.
Единствениот гол во натпреварот беше дело на Дани Велбек во 77-та минута, а со овие три бода „топџиите“ се со максимален учинок на врвот во својата група.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен што Арсенал победува игра и убав фудбал што на навивачите им дава надеж дека оваа сезона може да биде подобра од претходните кога играа под своето ниво.
За Арсенал вечерашната победа беше 11-та во низа, а таква низа „топџиите“ не паметат уште од 2007 година.
На овие 11 натпревар Арсенал постигна 31 погодок и прими девет, а на четири ја зачува недопрена својата мрежа.
Прилика за продолжување на импресивната низа Арсенал ќе има за викнедот кога во 10-тото коло од Премиер лигата ќе му гостуваат на Кристал Палас.