Дома Трансфер зона Арсенал обезбеди три потписи во еден ден!

Арсенал обезбеди три потписи во еден ден!

Раководството на Арсенал денес заврши одлична работа и ги продолжи договорите на тројца многу важни фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за Лоран Кошчелни, Оливие Жиру и Франсис Кокелан кои денес ставија потпис на нови договори и ја потврдија верноста кон „топџиите“.

Договорот на Оливие Жиру истекуваше на крајот на сезоната, па клубот му се оддолжи за добрите партии со нов договор.

Кошчелни изминатите години се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па неговото останување на „Емирати“ сигурно е од големо значење за тимот. Исто како и останувањето на Кокелан кој во последно време се наметна како клучен фудбалер во средниот ред на „топџиите“.

„Многу сме задоволни што три многу важни фудбалери одлучија да ја продолжат соработката со клубот. Ова се навистина одлучни вести за сите нас“, истакна Венгер.

Сепак, фановите се и понараму загрижени бидејќи двете најголеми ѕвезди, Алексис Санчез и Месут Озил сеуште одбиваат да ги продолжат договорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…