Дома Фудбал Лига на шампиони Арсенал не успеа да биде на чекор од финалето, Марсеј веќе со една нога во големото финале (ВИДЕО)

Арсенал не успеа да биде на чекор од финалето, Марсеј веќе со една нога во големото финале (ВИДЕО)

Во рамки на полуфиналето од Лига Европа вечерва се одиграа двата натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Арсенал на својот „Емирати“ го пречека составот на Атлетико Мадрид. Рано во само десет минути од првиот дел, Врсалјко заработи два жолти картони, па речиси цел меч составот на Симеоне играше со играч помалку. Резултатот беше отворен во 61. минута, односно во второто полувреме, кога Лаказет ја израдува домашната публика, додека во 82. Гризман им донесе значително реми на Мадриѓаните.

Во вториот полуфинален меч Марсеј славеше против Салзбург на домашен терен со 2:0. Тауван во 15. минута, додека конечниот резултат го постави Н’Јие во 63. минута кога беше прецизен за 2:0 во корист на францускиот состав.

https://www.youtube.com/watch?v=id5Qw6fBeZY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Карагер по киксот на Сити откри каде ќе се решава шампионот во Премиер лигата

Манчестер Сити загуби важни бодови против Eвертон и му го препушти лидерското место на Арс…