Дома Фудбал Англија Арсенал му нуди богатство на Обамејанг за да остне

Арсенал му нуди богатство на Обамејанг за да остне

Договорот на Обамејанг со Арсенал истекува за една година, па „топџиите“ прават се за да го убедат да остане на „Емирати“.

Обамејанг во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, но „топџиите“ не се откажуваат од намерата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лондонскиот клуб му нуди на 30-годишниот Габонец договор до 2023 година со плата од 12 милиони евра по сезона, објавија англиските медиуми.

Со оглед на новонастанатата финансиска ситуација тешко дека некој друг клуб ќе може да му понуди ваков договор на напаѓачот, па поради тоа Арсенал се надева дека ќе ја прифати понудата.

Интерес за Обамејанг покажуваат Реал Мадрид, ПСЖ и Интер, но ниту еден од споменатите клубови не е спремен да му понуди 12 милиони евра по сезона.

Поради тоа оваа понуда на Арсенал може да ги промени плановите на напаѓачот и сепак да стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…