Дома Фудбал Англија Арсенал – Ливерпул: Топџиите сакаат одмазда, Клоп вели друг пат !!!

Арсенал – Ливерпул: Топџиите сакаат одмазда, Клоп вели друг пат !!!

Уште пред да почне викендов ќе следиме голем дерби дуел. 19-то коло во Премиер Лигата стартува со дербито Арсенал – Ливерпул. Меч на две офанзивни екипи, екипи кои по традиција играат ефикасно и меч кој вистинските љубители на фудбалот не смеат да го пропуштат.

Топџиите бараат одмазда


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Домашната форма на Арсенал е единствената светла точка во тимот сезонава. Тие забележаа осум победи од девет меча, наспроти еден пораз сезонава на Емирати.

Нивните гостувања пак се со катастрофални сезонава со само 2 победи, 3 ремија и 4 порази. Еден од најтешките порази сезонава се случи токму од Ливерпул кога во месец август Арсенал загуби со 4:0. Арсен Венгер сигурно тој пораз ќе го искористи како мотивација, бидејќи Топчиите имаат за цел повторно да уживаат во домашната удобност. Импресивните резултати на домашните дуели на Арсенал вклучуваат победа од 2:0 над Тотенхем, но тие на второто дерби сезонава на Емирати доживеаа пораз од Манчестер Јунајтед со 1:3. Ова е трето домашно дерби сезонава за тимот и сите надежи се освојување на трите бода.

Црвени во одлична форма

Додека во Арсенал има јасна форма кога играат дома и катастрофални резултати на гости, на Ливерпул му е сеедно каде игра сезонава. Тие имаат ист број на бодови, по 17 и дома и во гости.

Откако доживеаа мизерен пораз од 4:1 на Вембли од Спарс, Ливерпул игра одлично. Иако се случија киксови со ВБА и Евертон играјќи нерешено Ливерпул имаше четири неверојатни меча во Премиер Лигата 4:1 (Вест Хем), 3:0 (Стоук), 5:1 (Брајтон) и 4:0 (Борнемут). Тоа е гол разлика од 16:2 што ги прави Црвените најефикасна екипа во последните неколку недели во Премиер Лигата и екипа со најдобра форма. Клоп се чини конечно најде рецепт да ја зацрвсти одбраната, а од друга страна не изгуби ништо кога во прашање е офанзивата.

Целата анализа прочитајте ја на kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…