Еминентниот новинат Фабрицио Романо пренесува дека Арсенал и Челзи се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.
Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 11 настапи за шпанската репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој е дете на Атлетик Билбао и неодамна го продолжи договорот со 2027 година, па на англиските клубови нема да им биде лесно да го доведат.
Нико оваа сезона игра одлично, има постигнато 5 гола и 10 асистенции, па Билбао за неговата слобода ќе бара 80 милиони евра.
🚨 Arsenal and Chelsea are set to compete for the signing of Athletic Bilbao's Nico Williams in the summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 11, 2024
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/qKRqNSuCbK