Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал иако не добива голема минутажа оваа сезона, сепак се повеќе го привлекува вниманието на европските гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Демирал ова лето пристигна во Јувентус од Сасуоло и одигра одлично во претсезоната, но не може да се избори за голема минутажа покрј големата конкуренција.
Последните информации се дека Арсенал и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за турскиот репрезентативец и испратиле скаути да го следат денес на натпреварот против Исланд.
Јувентус нема да сака лесно да се откаже од 21-годишниот дефанзивец, но самиот Демирал е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Јунајтед и Арсенал не се единствените клубови кои го сакаат Турчинот, за него силен интерес покажува и Милан. Па се очекува овие клубови да исптратат конкретни понуди во зимскиот преоден рок.