Дома Топ вести Арсенал и Барселона ја сакаат ѕвездата на Билбао

Арсенал и Барселона ја сакаат ѕвездата на Билбао

Шпанските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Барселона се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 10 настапи за шпанската репрезентација.

Тој е дете на Атлетик Билбао и има договор со клубот до 2024 година, а баскискиот клуб прави се за да го задржи во своите редови.

Многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис, но според информациите главната битка ќе ја водат Барселона и Арсенал.

Вилијамс уште во јануари може да потпише преддоговор со новиот клуб бидејќи на лето ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…