Дома Фудбал Арсенал за дете плаќа 70 милиони евра

Арсенал за дете плаќа 70 милиони евра

Цените на фудбалерите одамна ја преминаа реалноста, а се почесто и младите се продаваат за астрономски суми.

Новата ѕвезда во најава е 16- годишниот напаѓач на Лион, Вилем Гебелс. На овој фудбалер кој дебитираше и за првиот тим на Лавовите му се предвидува голема кариера и за него веќе лудуваат европските гиганти.

Меѓу нив е и екипата на Арсенал. Топџиите изразија желба за доведување на овој фудбалер, а Лион постави неверојатна цена. За Гебелс бара неверојатни 70 милиони евра.

Оваа сума е навистина луда ако се знае дека младиот фудбалер има договор на уште една година, па Лион се обидува да заработи што повеќе на овој фудбалер.

Покрај Арсенал, интерес за младиот фудбалер покажуваат Сити, Челси, Барселона, Баерн, Монако и Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …