Дома Топ вести Арсенал жртвува голем талент за да ја купи англиската ѕвезда

Арсенал жртвува голем талент за да ја купи англиската ѕвезда

Најголема желба на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Вест Хем, Даклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.

Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес, а тој сигурно ќе го напушти Вест Хем на лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


24-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со Вест Хем, па „чеканите“ ќе мора да го продадат на лето, а за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

Арсенал е спремен да го продаде големиот талент Балогун, за кого интерес покажуваат Лајпциг и Милан. Неговата цена изнесува околу 30 милиони евра, а „топџиите“ со тоа ќе финансира дел од трансферот на Рајс.

Балогун оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Рен каде блесна и постигна 21 гола на 37 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…