Викендов се игра големото дерби во англиската Премиер лига помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, во овој натпревар „сините“ влегуваат како фаворити со оглед на формата во која се наоѓаат двете екипи.
Ливерпул сезонава не ја стартуваше најдобро и во овој момент тие имаат 13 бода помалкју од Манчестер Сити и 14 од Арсенал кој е лидер. Во минатото коло токму Арсенал славеше против Ливерпул со 3:2.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Пеп Гвардиола и понатаму го смета Ливерпул за главен фаворит за титулата.
„Ливерпул секогаш е фаворит за титулата. Знам со каков квалитет располагаат и што можат. Ако бевме на 10 кола пред крајот ќе кажев дека не можат да не стигнат, но вака ситуацијата многу поинаква, патот е долг. Не ме интересира дали во добар или лош момент, натпреварите со нив секогаш се тешки, така ќе биде и сега“, смета Гвардиола.
Дел од јавноста на оваа изјава гледа и како на мала провокација кон Арсенал и Артета.