Дома Топ вести Арсенал договори големо засилување

Арсенал договори големо засилување

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга ќе биде ново засилување за Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Локонга оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата и веќе го договорил неговиот трансфер. „Топџиите“ за неговиот потпис на Андерлехт ќе му платат 21 милиони евра со вклучени бонуси.

Во следните денови Белгиецот ќе пристигне на лекарски прегледи и ќе стави потпис на 5-годишен договор со „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…