Лондонски Арсенал го заврши трансферот на 19-годишниот дефанзивец Омар Рекик од редовите на Херта.
Англиските медиуми денеска објавија дека трансферот е завршен и Арсенал за услугите на овој фудбалер ќе исплати 900.000 фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рекик остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Херта, а од лето ќе се приклучи на тимот на Микел Артета.
Овој талентиран стопер е член на втората екипа на Херта. Кариерата ја започма во Фејнорд, беше во ПСВ, Манчестер Сити и Марсеј, а од 16. година е член на Херта.
Игра на позицијата стопер, го носеше дресот на младинската селекција на Холандија, но се одлучи во иднина да настапува за селекцијата на Тунис.