Откако го донесоа Вилијан од Арсенал, се е подготвено за претставување и на второто засилување.
Така барем тврди добро информираниот новинар, Фабрицио Романо, кој пренесува дека целиот трансфер е завршен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според неговите информации останува уште фудбалерот денеска да го потпише договорот и да биде претставен како нов играч на Арсенал.
„Габриел Магалаеш ги помина лекарските прегледи со Арсенал во Лондон. Моментално е со своите агенти и утре ќе потпише договор до 2025. година, а потоа ќе биде претставен како нов играч на Арсенал.“ – напиша синоќа Фабрицио Романо.
Сигурно е дека тој ќе биде уште едно големо засилување за Арсенал, па токму тој заедно со Салиба ќе го сочинуваат почетниот стоперски тандем на Арсенал.