Дома Фудбал Арсенал го „блиндираше“ Мартинели со нов договор

Арсенал го „блиндираше“ Мартинели со нов договор

Бразилскиот репрезентативец, Габриел Мартинели денес стави потпис на нов договор со Арсенал.

Одличниот Бразилец блеска оваа сезона во дресот на „топџиите“, а се обврза на верност со клубот до 2027 година.

Досегашниот договор истекуваше на крајот на наредната сезона, па Арсенал сакаше да се заштити од интересот на другите клубови, пред се Барселона.

Мартинели дојде во Арсенал како 18-годишник, а оваа сезона постигна 7 гола на 27 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…