Дома Фудбал Англија Арсенал – Вулвс: Дуел за пресврт на сезоната

Арсенал – Вулвс: Дуел за пресврт на сезоната

Арсенал кој се соочува со големи проблеми околу составот е домаќин на Вулверхемптон. Според букмејкерите тимот на Артета е фаворит, но тие ќе имаат крајно тешка задача против Вулвс кој има бод повеќе од Арсенал на табелата.

Арсенал и Артета под притисок

Никола Пепе беше меѓу стрелците за „Топџиите“, четири дена откако беше сериозно критикуван од неговиот менаџер за црвениот картон во ремито без голови против Лидс.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пепе доби шанса во првиот тим против Молде во Лигата на Европа и го постигна првиот гол во победата од 0:3. Но сега, Артета повторно ќе биде без Пепе.

Избраниците на Микел Артета постигнаа само еден гол на последните пет натпревари во Премиер Лигата во лошата серија во која што забележаа три порази, едно реми и победа од 0:1. Но победата беше над Манчестер Јунајтед.

Перформансите и резултатите едноставно не беа доволно добри во изминатите шест недели за Артета и затоа веќе почнаа шпекулации за негова смена.

Притисокот е секако зголемен за екипата. Тие ќе мораат да почнат да победуваат доколку сакаат да останат во чекор со првите шест екипи.

Единствена позитива за Арсенал до сега е добриот настап во Европа. Тие имаат максимални 12 бодови во својата група во Лигата на Европа, па на последните два меча ќе играат без притисок и Артета ќе може целосно да ротира со тимот, за да ја зачува свежината. Затоа, сега тој е целосно насочен кон домашниот шампионат.

Вулвс добар во дефанзива, но катастрофален во напад

Избраниците на Еспирито Санто имаат забележано четири победи, три порази и два нерешени резултати од првите девет натпревари. Со таков скор и тие не се задоволни сезонава.

Ремито минатиот понеделник со Саутемптон од 1:1 беше уште една неисполнета задача. Педро Нето израмни на 15 минути пред крајот за еден бод и покрај тоа што Вулвс доминираше во текот на целиот натпревар.

Голема позитива за Волците е нивниот дефанзивен рекорд. Единствено Тотенхем има примено помалку голови од нив (9), з аразлика од примените 10 гола на Вулвс. Но затоа, кога во прашање се постигнатите голови, Вулвс е еден од најслабите сезонава со само девет гола.

Арсенал со далеку поголеми проблеми

Арсенал има голем број проблеми со повреди и суспензии пред овој натпревар, со потенцијално отсуство на дури 10 играчи.

Пепе е суспендиран заради ударот со глава кон Алиоски, додека Габриел Мартинели и Пабло Мари се дефинитивно надвор од стројот. Елени и Колашинац ќе чекаат негативен тест за Ковид, но и да го добијат тешко дека ќе настапат на овој меч.

Големото летно засилување Томас Парти не е целонсо подготвен за настап, а Арсенал исто така може да биде без Вилијан, Сака, Давид Луиз, Калум Чемберс …

Што се однесува до гостите, голема е веројатноста дека капитенот Конор Коади ќе биде спремен за настап откако го помина периодот на самоизолација.

Во меѓувреме, Ромен Саис неодамна е позитивен на Ковид и сигурно ќе го пропушти овој натпревар.

Можна почетна постава на Арсенал:

4-2-3-1 – Лено; Белерин, Холдинг, Габриел, Тирни; Цебалос, Џака; Нелсон, Вилок, Аубамејанг; Лаказет

Можна почетна постава на Вулверхемптон:

3-4-2-1 – Патрисио; Боли, Кодаи, Килман; Семедо, Мутињо, Невес, Аит-Нури; Нето, Поденс; Хименез

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…