Дома Фудбал Англија Арсенал во убедливо победничка форма, „Граѓаните“ стандардни, Челзи одвај се извлече на „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

Арсенал во убедливо победничка форма, „Граѓаните“ стандардни, Челзи одвај се извлече на „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

Во останатите дуели вечерва, во рамки на 14. коло од Премиер лигата, Арсенал конечно успеа да се израдува на високи 5:0 против Хадершфилд.

Лаказет го отвори мечот во 3. минута за 1:0 на полувремето. Во вториот дел во листата стрелци се запишаа на два пати Жиру во 68. и 89. минута, како и Санчез и Озил во 69. односно во 72. минута од мечот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челзи и покрај исклучувањето на Антонио Конте успеа да слави минимално над Свонси, благодарение на единствениот погодок кој го постигна Рудигер во 55. минута.

Манчестер Сити стандардно триумфираше, овојпат против Саутемптон со 2:1.

Избраниците на Гвардиола сигурно чекореа кон новите три бода, па така по мирното прво полуврмее, мечот го отвори Де Брујне во 47. минута. Ромеу за гостите успеа да биде прецизен во 75. минута за израмнување на 1:1, но конечниот резултат го постави Стерлинг во 6 минута од судиското надополнување.

Во последниот меч вечерва, Барнли славеше на гостински терен против екипата на Борнмаут. Вуд за гостите го постигна првиот погодок на мечот во 37. минута, а двојната предност пристигна во 65. минута благодарение на Брејди. Почесниот погодок за домашните го постигна Кинг во 79. минута.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…