Дома Видео Ароганцијата на Дембеле: Исмејува вработени во хотел 🎥

Ароганцијата на Дембеле: Исмејува вработени во хотел 🎥

Французите доживеаа фијаско на Европското првенство, дојдоа како најголеми фаворити, а настапот го завршија уште во осминафиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По елиминацијата се пишуваше за безобразлукот и ароганцијата на дел од француските ѕвезди. На социјалните мрежи се појави и едно постаро видео, но тоа видео ја покажува ароганцијата која ја има Осман Дембеле.

Вработените во еден хотел се обидуваа да го решат проблемот со телевизирот. Додека тие само си ја работеа својата работа, Дембеле ги исмејуваше.

„Сите овие грди фаци за само ти да можеш да играш ПЕС? Зарем не се срамиш?“, може да се слушне како зборува Дембеле.

„На каков јазик зборуваат? Дали се технички напредни во нивната земја или не?“, дофрлуваше 24 годишникот…
Според информациите ова видео е направено во 2019 година при турнеата на Барселона во Јапонија, само неколку недели откако Гризман дојде во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…