Дома Фудбал Лига на шампиони Арнолд го прокоментира најдобриот корнер во кариерата: Сите ќе се сеќаваме на овој момент (ВИДЕО)

Арнолд го прокоментира најдобриот корнер во кариерата: Сите ќе се сеќаваме на овој момент (ВИДЕО)

Јирген Клоп и неговите избраници вчера остварија сензационална победа во полуфиналето од Лигата на шампионите.

После поразот од 3:0 во првиот натпревар ретко кој веруваше дека Ливерпул може да се избори за финале, меѓутоа тимот на Клоп не се предаваше и на крајот успеаа да на го надополнат големото заостанување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Головите во чудесната вечер за Ливерпул ги постигнаа Ванијалдум и Дивок Ориги. Интересна беше ситуавцијата при постигнувањето на четвртиот гол за Ливерпул кога Ориги го постигна својот втор на натпреварот.

Имено, Ориги за голот доби асистенција од Александер-Арнолд и така го изведе најдобриот корнер во својата кариера и ја измами одбраната на Барселона. Тој дојде до корнер знаменцето, а потоа како да не го интересира тргна да си заминува од топката. Наседна целата одбрана на Барселона, чекаа тој да изведе корнер, тогаш Арнолд се врати и додаде до Ориги кој ги постави конечните 4:0.

Додека едни ја критикуваа одбраната на Барселона, други му чесститаа на фудбалерот на Ливерпул за совршената глума.

„Глума? Тоа беше инстиктивно. Можеби топката дојде до него брзо, но одлично реагираше. Сите ќе се сеќаваме на овој момент“, изјави Арнолд после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…