После најавите дека фудбалските клубови ќе мора да ги намалат астрономските плати јасно е дека Кина повеќе нема да биде примамлива дестинација, очекуван е егзодус на големите фудбалски имиња кои играат во Кина.
Еден од оние кои би требало да се вратат во Европа е Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ во летото 2019 година се пресели во ШИПГ Шангај за сума од 22.5 милиони фунти, додека тој доби плата од неверојатни 280.000 фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради финансските промени, Шангај според информациите го контактирал Вест Хем им понудиле да го вратат Арнаутовиќ. Во овие моменти не се знае каков ќе биде одговорот на Вест Хем.
Мојс нема лоша сезона, но има проблем со напаѓачите – Алер не е константен, додека Антонио се мачи со повредите.