Дома Фудбал Репрезентации Аргентина и го зададе првиот „шамар“ на Италија

Аргентина и го зададе првиот „шамар“ на Италија

Репрезентацијата на Италија не успеа да се пласира на Светското првенство прв пат после 1958 година.

Италијаните имаа прилика преку баражот да стигнат до Мундијалот, но не успеаа. Како што кажавме ова ќе биде прв пат после 60 години Италијаните да не настапат на еден Мундијал.

Селекцијата на Италија имаше закажано припремни натпревари пред Мундијалот, но судејќи според сегашната ситуација некои од нив ќе бидат откажани. Како што пишуваат медиумите во Италија натпреварот против Аргентина која требаше да се одигра на 23 март наредната година ќе биде одложен.

Наводно, Аргентинците порачале дека не се заинтересирани да го играат овој натпревар поради се што се случува во селекцијата на Италија, но и поради фактот што оваа репрезентација не се пласираше на СП во Русија. „ItaSportPress“ оваа одлука на Аргентина на Апенините беше дочекана како голем „шамар“ за нивната селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФИФА ја нападна УЕФА!

FIFA ја обвини UEFA дека спроведува кампања на дезинформации и се обидува да влијае на пре…