Изминатата вечер репрезентацијата на Аргентина со 3:0 го победи Хондурас во Мајами, а на овој натпревар во вистинско светло блесна Лионел Меси.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинците со овој триумф ја продолжија серијата од 34 натпревари без пораз во кои имаат 24 победи и 10 нерешени натпревари, сега ги делат само уште три натпревари да ја достигнат Италија која издржа 37 натпревари без пораз.




Два гола на средбата постигна Меси, а еден беше дело на Лаутаро. Напаѓачот на Интер го постигна првиот гол, Меси подоцна во првото полувреме реализираше пенал. Во вториот дел на теренот видовме и една турканица откако еден од репрезентативците на Хондурас со лакт го „разнесе“ Меси.




Одговорот на Меси беше фудбалски и со мајсторски лоб во 69. минута го матираше противничкиот голман за конечни 3:0.
If there was a video to show how much the Argentina players love Messi, this is it. pic.twitter.com/tdbi3iEpBK
— J. (@Messilizer) September 24, 2022