Катарското кралско семејство Ал Тани, во чија сопственост се наоѓа Пари Сент Жермен сака да го купи Наполи.
Де Лаурентис е разочаран од моменталната ситуација во клубот и одлучил да го продаде Наполи, по што веќе пристигнала првата понуда, и тоа од Катар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според весникот станува збор за кралското семејство Ал Тани, кои се сопственици и на францускиот шампион ПСЖ, кои за италијанскиот клуб се спремни да понудат 560 милиони евра.
Сепак, италијанскиот медиуми „Ил Мaтино“ денеска известува дека Де Лаурентис го цени неговиот клуб скоро двојно поскап. Имено, тој ќе се одлучи да го продаде клубот само ако добие понуда од 900 милиони евра.