Екипата на Панатинаикос на свој терен го играше мечот од 22. коло во Евролигата против Басконија, а пред почетокот на овој меч е забележана несекојдневна сцена во режија на играчите и навивачите на грчкиот клуб.
Познато е дека Панатинаикос веќе некое време се во „војна“ со Евролигата, а вечерва кошаркарите на оваа екипа одбија да излезат на терен и да ја испочитуваат традицијата на интонирање на официјалната химна на натпреварувањето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На бојкотот се придружија и навивачите во салата кои ја исвиркуваа химната.
Како што се наведува тренерот на Панатинаикос, Паскал ги известил судиите пред почетокот на мечот дека неговите избраници не сакаат да ја слушаат химната.
The players of @paobcgr are protesting and not standing in line next to the refs during the #EuroLeague anthem pic.twitter.com/7oQftZrJdq
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) February 8, 2018