Денес фудбалскиот свет го потресе аферата во која беше уапсен поранешниот прв човек на ФИФА Мишел Платини.
После апсењето на Платини денес се огласи Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Целосно сме посветени на соработката со властите на било која земја во која се одвива истрага за фудбалските активности“, стои во соопштението од ФИФА.
ФИФА наведе и дека нема повеќе детали за истрагата против Платини.
Обвинителството во Франција објави дека Платини е уапсен во склоп со истрагата за малверзации при доделувањето на домаќинството на Светското првенство кое треба да се одржи во 2022 на Катар.
Платини денес бил уапсен и испрашуван од полицијата во Париз. Повеќе за ова можете да прочитате – тука.