Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти се уште не може да прежали за испаѓањето од ЛШ, каде неговиот тим одигра добро, но недоволно во конкуренција на ПСЖ и Ливерпул да избори пласман понатаму.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Наполи на крајот кобен испадна натпреварот со Црвена Звезда во првото коло, кога италијанскиот вицепрвак во Белград одигра само 0:0.
„Испаднавме вистински магариња поради оној натпревар со Црвена Звезда во Белград. Требаше да победиме, ќе беше различно.“ – изјави Анчелоти и додаде:
„Бевме во добра позиција пред последното коло, но не успеавме да издржиме против Ливерпул, кандидат за титулата. И ПСЖ ќе биде во конкуренција за тронот, заедно со Барселона и Јувентус. “
Наполи настапот во ЛШ оваа сезона го заврши на третата позиција со ист број бодови како и Ливерпул, па во продолжение на сезоната ќе игра во Лига Европа.