Дома Фудбал Италија Анчелоти: Секогаш сум имал одлични напаѓачи во екипата, од Инзаги до Ибрахимовиќ

Анчелоти: Секогаш сум имал одлични напаѓачи во екипата, од Инзаги до Ибрахимовиќ

Навивачите на Наполи се уште чекаат нивниот клуб да донесе некое звучно засилување.

Со Наполи овие денови најмногу се поврзува Хамес Родригез за кој клубот веќе испрати понуда, но Реал Мадрид ја одби бидејќи сака повеќе пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај Родригез со Наполитанците се поврзува и Мауро Икарди кој е отпишан во Интер. За можните засилувања зборуваше и Анчелоти кој призна дека се надева дека Наполи ќе успее да го донесе напаѓачот на Интер.

„Што се однесува до екипата треба да најдеме некој баланс и јасно е дека се уште не сме спремни за натпреварувачки натпревари. Се надевам и на засилувања, а знаете веќе за кој се зборува.“ – изјави Анчелоти.

„Секогаш сум имал одлични напаѓачи во својот тим, од Инзаги до Ибрахимовиќ. Икарди е одличен напаѓач, но исто така и Милик. Да зборуваме сега за Мауро не е фер поради Милик.“

Да потсетиме, Наполи го комплетираше трансферот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас од Фенербахче за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …