Дома Фудбал Анчелоти: Реал за две години го освои тоа, што другите неможат за цела историја

Анчелоти: Реал за две години го освои тоа, што другите неможат за цела историја

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти пред утрешниот дуел со Челзи напомни за тоа што „кралевите“ го освоија откако тој по втор пат дојде на клупата.

Минатата сезона Реал ја освои титулата во Примера и Лигата на шампиони, а оваа сезона го освои Светското клупско првенство и е во финалето на Купот на крајот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека се справувам добро како тренер на Реал. Ако оваа сезона стигнеме до трифејот во Купот, овој тим ќе освои се што е можно за само две сезони. Има клубови кои не го постигнале тоа за целата своја историја. За мене е чест да го водат Реал и ветувам дека ќе се бориме за секој трофеј“, изјави Анчелоти.

„Минатата сезона имавме многу лоши моменти во Мадрид и јасно е дека мораме да го почитуваме Челзи. Точно е дека овој клуб не минува низ добар момент, но има многу добар тим. Понекогаш кога оди полошо, го вадиш најдоброто. Лампард е одличен менаџер, вистински професионалец и во овој случај моето искуство нема да значи многу. Вистината е дека тој пристигна пред само една недела и знае колку тежат овие мечеви“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …